Ново улично осветлување ќе добие раскрсницата на регионалниот пат Берово- Струмица

Ново улично осветлување ќе добие раскрсницата на регионалниот пат Берово- Струмица
декември 29 13:03 2022

Јавното претпријатие за државни патишта, на иницијатива на Општина Берово, деновиве врши подготвителни работи за поставуваее на канделабри за осветлување на раскрсницата на регионалниот пат Берово- Струмица.

Ќе бидат поставени 12 канделабри по сите стандарди за енергетски ефикасно лед осветлување, со што ќе се подобри безбедноста на сообраќајот на оваа раскрсница, во ноќните часови.

Раскрсницата на влезот во Берово, е доста фреквентна, раскрсница на два регионални патишта и е важна сообраќајница, па така осветлувањето на оваа делница, ќе биде од големо значење за жителите на Општина Берово и за патниците, кои доаѓаат од соседните места.

  Категории: