Вардар во новата сезона доби уште еден искусен фудбалер, откако Бојан Најденов му се приклучи на клубот и се стави на располагање на тренинзите.
28-годишниот играч од средниот ред доаѓа како слободен, а последната сезона ја мина во Академија Пандев. Човекот кој е специјалист за изведување на прекини и слободни удари од денес е во тренажен процес со Вардар и работи со Александар Васоски.
Несомнено е дека Најденов ќе биде големо засилување за Вардар, ако се земе предвид актуелната ситуација во екипата и заминувањето на неколку стандардни првотимци. Покрај него, дел од Вардар станаа поранешните вардарци Виктор Велкоски, Дејан Блажевски и Филип Петковски.
Четворицата нема да бидат последни играчи во дресот на Вардар, се очекува уште најмалку две имиња. Опциите на пазарот се разгледуваат, а останува да видиме кој ќе прифати да помогне и да биде дел од „новиот“ Вардар кој ќе ја брани круната во различен состав.
Извор:gol.mk