МАЛЕШ СО ПЕТ ГОЛОВИ ГО ИСПРАТИ РУДАР ДОМА

МАЛЕШ СО ПЕТ ГОЛОВИ ГО ИСПРАТИ РУДАР ДОМА
ноември 20 21:51 2022

Пукна петардата на градскиот стадион во Берово, во голот на екипата на Рудар од Пробиштип. Во најинтересниот дуел оваа полусезона, фудбалерите на Малеш со одлична игра во текот на целиот натпревар доминираа на теренот, со што успеаја да постигнат дури пет погодоци.

Најпрво во 15 минута со гол го отвори резултатот капитенот на Малеш, Ерол Пилов кој исто така во 30 минута со одличен шут го совлада голманот на гостинската екипа. Во второто полувреме мораме да напоменеме дека само за четири минути паднаа три гола. Поточно во 55 минута Шонтевски со прекрасен гол од слободен удар му донесе тројно водство на Малеш.Следната минута Атанасовски Марио капитенот на Рудар најдобро се снајде пред голманот Сулимановски и постигна гол. Шонтевски повторно постигна гол за само две минути и го доведе Малеш во водство од 4:1.

Петардата во голот на немоќниот Рудар ја круниса Марјанчо Пачарски во 63 минута со одличен шут, со што гостите можеа да бидат среќни што не примаа уште најмалку еден гол за поголемо водство на фудбалерите на Малеш.

Со ова последно коло нашите фудбалери го завршија есенскиот дел од натпреварувањето во Третата македонска фудбласка лига – Исток на 5 -то место на табелата.

Во продолжение головите и целиот натпревар:


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.