Успесите и позитивните резултати на фудбалскиот клуб Малеш од Берово, кој се натпреварува во Третата фудбалска лига Исток, ја активираа Малешевската дијаспора во САД да придонесат за помош на клубот. Апелот за помош и љубовта кон градскиот фудбалски клуб Малеш, допреа до нашиот сограѓанин Александар кој повеќе години живее во Америка,да организира онлајн донаторска кампања на која како што вели досега донирале задоволителен број наши сограѓани.Долгогодишното искуство во повеќе вакви кампањи додава Александар, досега собрале стотици илјади долари, а неговата искрена намера да помогне, допринело да се роди оваа иницијатива.
Донациите се претежно од наши сограѓани од САД, вели Александар, но има и од други делови од Македонија и Дијаспората. Досега се донирани над $1,500 долари,.Тој упати апел до сите иселеници во светот доклку се во можност да донираат и да се вклучат во капмањата.
Во спорот се потребни многу средства за еден клуб да опстојува, а амбициите на нашиот фудбалски бисер од Берово за влез во вторта фудбалска лига налагаат поголеми финансии рече претседателот на клубот Новица Печински.Новата управа на клубот додаде Печински се бори на транспарентен начин да го воздигне клубот на нивото кое го заслужува, а сето тоа не би успеало без поддржката од локалните претпиемачи, Општината и сите кои допринесуваат за фудбалот во градот. Тој упати голема благодарност до Александар и сите кои се вклучија во акцијата за донирање.
Инаку фудбалскиот клуб Малеш моментално се наоѓа на второто место на табелата во Третата фудбалск лига Исток.Следното коло на градскиот стадион во Берово Малеш го пречекува последно пласираниот клуб од Василево, а борбата за есенскиот шампион ќе се одлучува во последното коло со првопласираниот тим Брегалница од соседно Делчево, кој моментало има еден бод предност над ОФК Малеш.