ЕЛЕОНОРА РАШКОВСКА: МЛАДИТЕ СЕ ГЛАВЕН АКЦЕНТ НА МНОГУБРОЈНИТЕ ПРОЕКТИ КОИ САКАМЕ ДА ГИ ОСТВАРИМЕ

ЕЛЕОНОРА РАШКОВСКА: МЛАДИТЕ СЕ ГЛАВЕН АКЦЕНТ НА МНОГУБРОЈНИТЕ ПРОЕКТИ КОИ САКАМЕ ДА ГИ ОСТВАРИМЕ
октомври 02 15:08 2021

Кандидатот за градоначалник на Берово Елеонора Рашковска од партијата ВМРО-ДПМНЕ, во својата програма од многубројните проекти, главениот акцент го става на младите.Рашковска во нејзината програма „Создади нова иднина“ вети населба за млади, нови бизниси наменети за младите во Берово, како и поддршка на младите за развој на претприемништвото.

-Од многубројните проекти кои сакаме да ги оствариме, приоритет и главен акцент даваме на оние за младите. Град без млади e град без иднина. Да им го вратме Берово на малдите, а воедно и младите на Берово.

ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ ЗА БЕРОВО:

НАСЕЛБА ЗА МЛАДИ

Општината се обврзува да изгради комплетна инфраструктура, да изработи детален урбанистички план со парцели за станбени објекти за домување, кои ќе бидат целосно ослободени од плаќање на комунален надомест за одобрение за градба, бесплатни типски проекти и симболична цена за купување на градежното земјиште од 1 евро по квадрат, за млади брачни парови.

Извор на финансирање: Буџет на општината.

ПОДДРШКА НА МЛАДИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО

Предвидена е поддршка на младите за развој на претприемничкиот дух преку оргранизирање на трибини, обуки, саеми, и помош при аплицирање за користење на средства од меѓународните фондови. Младите, несомнено, имаат потреба од поддршка и размена на искуства неопходни за постигнување на позитивни резултати и успеси во приватниот сектор.

Извор на финансирање: Буџет на општината.

НОВИ БИЗНИСИ ЗА МЛАДИ

Поддршката за отворање на нови бизниси за младите од Берово ќе оди преку субвенционирање од страна на општината. Со овој проект се предвидува рестартирање на постојниот Бинис – инкубатор, внатрешно преуредување и овозможување на канцелариски простор за млади претприемачи кои започнуваат сопствен бизнис. Младите претприемачи ќе имаат бесплатна можност да започнат да ги развиваат своите идни бизнис-планови и со тоа да си овозможат и да си ја осигураат својата иднина во Берово.

Извор на финансирање: Буџет на општина / Меѓународни финансиски институции

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.