ДЕФИЛЕ СО КОЊИ ВО БЕРОВО ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ВАСИЛИЦА

ДЕФИЛЕ СО КОЊИ ВО БЕРОВО ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ВАСИЛИЦА
јануари 14 18:32 2022

Околу 15 коњи денес низ улиците на Берово,продефилираа во чест на празникот Василица.Организаторите на настанот кој втор пат се случува во градот велат дека денешниот празник Василица, за нив е од огромно значање, па по иницијатива на сите сопственици и љубители на коњи во Берово, одлучиле на денешниот празник да ги прошетаат коњите низ градот.

-Денес е Василица празник, па сакавме да ги прошетаме нашите коњи на дефилето коешто го организираме низ градот Берово, да направиме да изгледа градот убаво и сето тоа да остане традиција.Сега учествуваме само ние од градот Берово, додека за празникот Ѓурѓовден доаѓаат наши гости од повеќе градови во Македонија и тогаш организираме натпревар во влечење трупци.Целта ни е да се дружиме и да ги покажеме нашите коњи кои во Берово навистина ги има во доволен број – рече Сенат Чиндаров еден од организаторите на настанот.

Организаторите додаваат дека дефилето престставува исто така промоција на сите нив и приказ на љубовта и поштувањето спрема племенитата убавина на коњите.На денешното дефиле низ градот освен накитените коњи, имаше и неколку запрежни коли, во кои ечеше малешевска музика во живо во извадба на Беровските музичари.

-Јас уште од мали нозе се занимавам со одгледување и чување коњи.Кој ги сака животните не е тешко да чува ниту коњи ниту било какво домашно животно.Нема да гледа дали има или нема за дома, тука ќе гледа да има за коњот доколку го сака тоа да го прави – вели Фазли Демировски еден од постарите љубители и сопственици на коњи.

Граѓаните пак кои излегоа на улиците да ги видат прекрасните коњи, ја поздравија оваа инцијатива, си го честитаа денешниот празник Василица, со надеж во иднина почесто да се случуваат вакви настани.

Инаку во Берово, голем број граѓани се љубители и споственици на коњи.Повеќе од нив ја продолжуваат традицијата на нивните предци и чуваат по неколку коњи.Како што велат коњите се најубавите животни и одамна се сметаат за најдобар пријател на човекот, затоа што човекот во коњот ја наоѓа силата без суровoсот, убавината без суети и пријател без интереси.

Во продолжение погледнете го видеото од денешното дефиле со коњи во Берово:

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.