ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА БЕРОВО НА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА ВО РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА БЕРОВО НА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА ВО РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА
јуни 24 15:02 2022

Делегација од Општина Берово е во официјална посета во Словенија, каде што вчера, остварија средба со Амбасадорот на Република Македонија во Словенија,  Сузана Зеленковска.

На средбата тие разменија мислења и искуства за идната можна соработка со општини од Република Словенија , во делот на туризамот, заштита на животна средина, комунални услуги и противпожарна заштита.

Во рамките на посетата, делегацијата беше во посета на гробот на Жан Кофол, прерано загинатиот пожарникар, кој пред загинување оствари доброволна мисија во малешевскиот регион.

На семејството на Кофол му подарија фотографија направена од уметничката Арбнора Мемети, за време на пожарите во 2021 година.

Во рамките на денешниот ден, предвидено е делегацијата од Берово, да оствари средба со градоначалникот на Нова Горица.

  Категории: