Екипата на ППК „Зегин“ од Берово го освои бронзениот медал откако во дуелот со екипата на Младост 96 од Прилеп, кои иако загубија во полуфиналниот натпревар во пинг-понг во сениорска конкуренција, покажаа цврстина на натпреварите кои денес се одржаа во спортската сала Македонски Бранители во Берово.
-Благодарам на организацијата која беше одлична, екипата на ППК Зегин беше достоен противник иако резултатот е 4:1 не е толку убедлив на хартија. Го чекаме противникот од вториот полуфинален натпревар кој се игра во Штип помеѓу екипите на Телеком НЕЦ и Шампиони ФА, истакна Гоце Тошевски, тренер на екипата на Младост96.
Подпретседателот Рикаловски се заблагодари на домаќинот за организацијата на денешниот полуфинален натпревар во пинг понг одигран во духот на фер плеј.
-Му посакувам многу успех на домашниот тим во понатамошните натпревари, третото место е голем успех за овој млад тим, тој проникнува во еден сериозен клуб и секој посакува во државата да постои еден ваков клуб – рече Рикаловски.
Спонзорот на клубот Благој Механџиски потенцираше дека ќе продолжи поддршката на младите спортисти не само во пинг понгот, туку и во другите спортови како што тоа го правел и досега. Во рамки на настанот беа презентирани сите достигнувања на клубот од Берово, потенцирајќи дека досега ППК Зегин се закитил со 65 медали само за оваа година.
Освоеното трето место на беровскиот пингпонгарски клуб, преставува успех за еден млад тим, кој е единствен за толлку кратко време да се издигне меѓу првите најдобри екипи во пинг-понг во Македонија. Успехот го прославија со пригодна забава, ручек а радоста ја крунисаа со заедничко оро.
Упатуваме честитки до ППК „Зегин“ и им посакуваме уште многу медали и успеси во идните натпреварувања.
Во продолжение видеа од денешните натпревари и прославата на беровските пингпонгари за освоеното трето место на дрѓавниот натпревар во пин понг: