ВО ОПШТИНА БЕРОВО ЖИВЕАТ 10.890 ЖИТЕЛИ, СО ВКУПНО 4143 ДОМАЌИНСТВА И 8683 СТАНОВИ

ВО ОПШТИНА БЕРОВО ЖИВЕАТ 10.890 ЖИТЕЛИ, СО ВКУПНО 4143 ДОМАЌИНСТВА И 8683 СТАНОВИ
март 30 21:45 2022

Според податоците од Пописот 2021 објавен денес од страна на Државниот завод за статистика, во Општина Берово бројот на вкупното резидентно население изнесува 10.890 лица, 4143 домаќинства и 8683 станови.

Од вкупниот број на лица 5447 се машки пол а 5443 се женски пол, додека 9925 се изјасниле Македонци од кои 4963 се мажи и 4963 жени.

339 лица се изјасниле дека се Роми, од кои 161 се мажи а 178 се жени.Од изјаснети 60 лица Турци, 26 се мажи и 34 жени.Исто така според податоците на ДЗС во Берово, Власи се изјасниле 1 лице, Срби 10 лица од кои 9 мажи и 1 жена, а Бошњаци се изјасниле 6 лица од кои 4 мажи и 2 жени.

Во категоријата Други неспомнати, наведени се 42 лица, не се изјасниле 2 лица, а во категоријата Непознато се наведени 2 лица, додека за 502 лица податоците се превземени од административни извори.

Во соседната Општина Пехчево пак вкупниот број на жители според податоците од Пописот 2021 објавени од страна на ДЗС, вкупниот број на резидентно население изнесува 3983 лица, а бројот на домаќинства е 1463 и 2903 станови.

Од вкупната број на лица во Пехчево 2024 се лица од машки пол и 1959 лица од женски пол.Македонци се изјасниле 3233 од кои 1632 мажи и 1601 жени.Турци во Општина Пехчево се изјасниле 280 лица од кои 148 мажи и 132 жени.

256 лица се изјасниле како Роми од кои 136 мажи и 120 жени.Вкупно 10 лица се изјасниле Срби, додека Бошњачката и Влашката заедница се наведени со по 1 лице.

За 169 лица во Пехчево податоците се превземени од административни извори.

Според бројот на жители најмала општина е Зрновци – 2086 жители  додека на првото место според бројот на жители предводи општина Куманово која е дом на 98 104, а Битола е на второто место 85 164, зад неа е Тетово со 84 770 жители, а во скопската општина Аеродром се регистрирани 77, 735, покажуваат податоците од последниот попис.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.