(ВИДЕО) ВО БЕРОВО ОТВОРЕНИ РАБОТНИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ

(ВИДЕО) ВО БЕРОВО ОТВОРЕНИ РАБОТНИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ
март 07 21:43 2022

Одржување на физичката подготвеност , развој на тимскиот и спортскиот дух, како и подобрување на соработката помеѓу институциите, е целта на Работничките спортски игри, што после пауза од две години, денска се отворени во Берово. Традицоналната спортска манифестација се одржува под организација на општина Берово, а игрите за отворени ги прогласи Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски.

-Од името на Општина Берово и од мое лично име, упатувам срдечни поздрави и посакувам успешни, мирни и фер Работнички спортски игри. Ме радува фактот, што оваа година, голем број на ученици земаат учество во работничките спортски игри и што конечно во услови на пандемија од Ковид 19, успеавме да ги реализираме Турнирот има за цел, да се подобри соработката помеѓу институциите, но и да се подигне спортскиот дух, да се градат врвни особини, каде дисциплината придонесува во успехот на сопствениот тим. Спортско дружење, рекреација, здравиот дух и компетенција, исто така ни помагаат и во нашето секојдневно извршување на работните задачи и во градењето подобри личности, а дружбата е спомен за памтење, рече Пекевски на отворањето на игрите.

Годинава, овој настан, доби поголема масовност, со учество на дури 12 екипи, со што се потврдува важноста на настанот и претставува дополнителна можност за унапредување на соработката на локално ниво.На Работничките спортски игри ќе учествуваат 12 екипи, натпреварите ќе се играат во групи, секој со секој, и потоа во полуфинале ќе одат првиот и вториот од двете групи.

Во првото коло денес се одиграа следниве натпревари со конечни резултати:

17:00 ч. Угостители и Обложувалници – Национални шуми и Пилани 3:0

17:30 ч. Роми – Фагус 0:2

18:00 ч. МВР-Полиција – Образование 1:1

18:30 ч. Гранична Полиција – Општина Берово 2:3

19:00 ч. АРСМ -Гарнизон Штип — Приватни Фирми 3:0

19:30 ч. ЈПКР – Труд и социјала и Суд 1:4

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.