БЕРОВСКОТ ЈУНАК КИКО ПРОДОЛЖУВА ВО ФУДБАЛСКИТЕ ВОДИ КАКО ПРОФЕСИОНАЛЕН МЕНАЏЕР.

БЕРОВСКОТ ЈУНАК КИКО ПРОДОЛЖУВА ВО ФУДБАЛСКИТЕ ВОДИ КАКО ПРОФЕСИОНАЛЕН МЕНАЏЕР.
мај 03 02:13 2018

Кристијан Стоилков ќе продолжи во фудбалските води, но како професионален менаџер. Кико вели дека не може без фудбал, иако претрпе вистинска голгота, по тешката повреда на главата што му се случи како голман на Турново, на пријателски меч со Брегалница, пред околу две години.

Кристијан се уште оди на фитнес терапии и ја прекина голманската кариера, но не си оди од фудбалот.

„Преголема е љубовта што ја чувствувам кон фудбалската игра. За жал, поради несреќната повреда морав прерано да ја завршам кариерата. Сепак, сфатив дека без фудбалот нема да можам да живеам, па барав начин како да останам близок до овој спорт. Одлучив да се пробам во менаџерските води, бидејќи така индиректно ќе ја чувствувам возбудата што ја носи фудбалот. Можам да кажам дека последниве неколку месеци интензивно работев на случајот, па веќе имам склучено договори со менаџерски партнер-агенции и покривам пошироко подрачје на земји и клубови каде менаџерски би делувал при продажба на играч“, вели Стоилков за порталот „Аберџија“.

Младиот беровчанец има 22 години и беше еден од нашите најталентирани голмани во генерацијата. Бранеше и во Словенија, а кај нас бранеше за Хоризонт Турново.

 

ИЗВОР: sportmedia.mk


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.