11 РЕКОРДНИ СЛУЧАИ СО КОРОНА ВИРУС ДЕНЕС ВО БЕРОВО.

11 РЕКОРДНИ СЛУЧАИ СО КОРОНА ВИРУС ДЕНЕС ВО БЕРОВО.
септември 27 16:45 2020

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во земјава се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19, што е за седум случаи повеќе од вчера, кога беа пријавени 1.559 тестирања. Најновиот биланс на починати изнесува три лица.

Од најновите случаи на ковид-19 регистрирани во последново деноноќие, од Скопје се 50, Куманово – 4, Дебар – 2, Штип – 2, Прилеп – 9, Тетово – 11, Велес – 2, Битола – 6, Кавадарци – 6, Гостивар – 3, Гевгелија – 1, Струмица – 6, Крива Паланка – 3, Радовиш – 1, Кочани – 18, Валандово 1, Свети Николе – 6, Кичево – 5 и Неготино – 1.

Навистина голем број нови случаи е забележан во еден од најмалите градови во земјава – Берово, каде во последното деноноќие се забележани 11 нови пациенти со ковид-19. Со ова, градот досега ја надмина бројката од 100, односно има вкупно 102 регистрирани случаи, што е над двојно повеќе од соседно Пехчево, каде се регистрирани 43 случаи.

Како што велат граѓаните на Берово, недисиплината на луѓето со сокривањето на симптомите и самостојното лекување дома не донесоа до ова ситуација.

Инаку според наши извори, тројца регистрирани случаи има и во администрацијата во општина Берово, па се поставува прашањето дали градоначалникот Пекевски ке го следи примерот од соседните општини Делчево и М.Каменица, каде претходно градоначалниците на овие две општини ги затворија вратите со само еден заболен од нивната администрација.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од: Скопје – 15, Куманово – 5, Штип – 6, Прилеп – 3, Тетово – 3, Струга – 2, Велес – 1, Битола – 4, Охрид – 5, Кавадарци – 1, Гостивар – 6, Струмица – 4, Крива Паланка – 2, Радовиш – 2, Кочани – 6.

Во болнички услови се починати 3 пациенти од Прилеп (62 г.), Кочани (87 г.) и Гостивар (64 г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, бројката на оздравени пациенти е 14.581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.323.

  Категории: