Ќе ги остави ли пролетниот снег овошките без род?

Ќе ги остави ли пролетниот снег овошките без род?
март 23 19:15 2018

Пролетниот снег и релативно ниските температури за овој период од годината, го вклучија алармот кај овоштарите од можноста  повторно да останат без род. Ваквите стравувања се логични ако се знае дека две години по ред, мразевите во пролет се причина за 70 до 90 процентно оштетување на овошките во регионот.

Освен овоштарите, состојбата ја следат и од министерството за земјоделство, од каде денес излегоа со став дека , во моментов опасност од уништување на родот кај овошките и другите земјоделски култури, нема:

„… Ваквите временски услови и облачноста во текот на викендот нема да дозволи драстично опаѓање на утринските температури. Најниски температури се очекуваат во недела кога, во утринските часови температурите би се спуштиле до -4 степени. Бидејќи овие температури се блиску до границите на издржливот, може да предизвикаат само проретчување на родот, но не и негово оштетување… Според податоците од Подрачните единици на Министерството, досега земјоделците немаат пријавено штети од ниските температури и врнежите од снег, но состојбата на терен континуирано ќе се следи, со цел навреме да се преземаат доколку е потребно соодветни мерки….“, стои во соопштението од Министерството.

На страна на овоштарите, годинава е и фактот, што добар дел од овошките, се уште не се во фаза на цутење:

  • Дел од овошките не се расцутени, туку само набабрени, а во ова афаза, вакви температури не можат да им нанесат големи штети, кажа Драги Јаневски, овоштар.

Од друга страна, снегот и влажноста во почвата дополнително ќе го одложат третирањето на посевите и пролетната сеидба која веќе требаше да започне, ќе ја одложат најмалку за половина месец.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.