ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНА ВИРУС ВО БЕРОВО.

ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНА ВИРУС ВО БЕРОВО.
мај 09 14:07 2020

55 годишна жена од селото Владимирово, е првиот позитивен случај во Берово кај кого е докажано присуство на коронавирусот.Како што дознава порталот Малеш Нет, заболената најверојатно вирусот го добила во клиниката за Онкологија и радиологија во Скопје, каде што неколку дена престојувала и се грижела за нејзиниот брат кој е тешко болен.Моментално пациентката е хоспитализирана во инфективната клиника во Штип, со полесни симптоми на корона вирусот.Случајот го потврди и министерот за здравство Венко Филипле на денешната прес конференција.

Во Пехчево денес исто така е потвреден уште еден случај на заболен од Корона вирус.

Берово до денес, важеше за еден од трите градови на истокот каде немаше заболени од пандемијата Ковид 19.

Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1.

Инаку претходно првите случаи на заболени од Корона вирусот во Делчево и Виница, се заразиле во клиниката за Онкологија и радиолагија, па се поставува прашањето дали државата треба да реагира токму овде, за да се спречи пренесувањето на пандемијата.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.