ОПШТИНА ПЕХЧЕВО СО ВИДЕО НАДЗОР ЌЕ ГО ЗАШТИТУВА УНИШТУВАЊЕТО НА УРБАНАТА ОПРЕМА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЛОКАЛИТЕТОТ „ЕЗЕРЦЕ“.

ОПШТИНА ПЕХЧЕВО СО ВИДЕО НАДЗОР ЌЕ ГО ЗАШТИТУВА УНИШТУВАЊЕТО НА УРБАНАТА ОПРЕМА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЛОКАЛИТЕТОТ „ЕЗЕРЦЕ“.
мај 12 11:34 2021

Општина Пехчево ќе постави видео надзор со цел да се спречи понатамошно уништување на околниот простор и урбаната опрема на локалитетот Барски еко – систем „Езерце“. Како што информираа од Општина Пехчево, видео надзорот се поставувава со 24 часовна заштита на имотот и добрата во општа употреба,заштита од вандализам, кражби, како и заштита на животната средина од фрлање на ѓубре од несовесните граѓани.

-Согласно член 90 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци ( Сл. весник на РСМ бр. 42/20), видео назорот на посочената локација на територијата на Општина Пехчево се поставува заради заштита на сопственоста (заштита на имотот и добрата во општа употреба), односно заради 24 часовна заштита од кражби, вандализам, уништување или друга форма на загрозување на имотот и добрата, заштита од фрлање на ѓубре и заштита на животната средина околу предметната локација. Сево ова истовремено ќе влијае и за подобрување на безбедноста и здравјето на жителите на Општина Пехчево и посетителите од други места.Со видео надзорот ќе се заштити оградата на локацијата, детското игралиште ( нишалки, клацкалки, куќички за игра, вртелешка), дрвените летниковци со дрвените маси, дрвените клупи, корпите за отпадоци, влезната платформа поплочена со природен камен, дрвената платформа за набљудување, едукативните табли, канделабрите со штедливи сијалици, но и целата површина која е хортикултурно уредена со растенија и дрвца, а и животната средина околу горенаведената локација – информира градоначалникот на Пехчево Драган Тренчевски.

Притоа земена е во предвид и надлежноста на Градоначалникот да обезбеди правилно и законско користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината, во согласност со член 50 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа ( Сл. весник на РМ бр.5/02).

Преку системот за вршење на видео надзор на посочената локација ќе се снимаат само оние субјекти на лични податоци ( малолетни и полнолетни ) лица, кои повремено и случајно влегуваат во фокусот на камерите.

Претходно и соседната општина Делчево најави поставување на видео надзор, за заштита и справување со вандализмот и уништувањето на урбаната опрема на градот, каде е предвидено да биде поставен на три локации кој ќе се врши со 11 камери, при што по 4 камери ќе бидат поставени кај детското и тениското игралиште, додека 3 камери е предвидено да бидат поставени кај пешачкиот мост Гоце Делчев.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.