Кои ќе бидат главните вести во 2030?

Кои ќе бидат главните вести во 2030?
декември 07 09:42 2020

Наслови низ медиумите во 2030:

Лидерот на СДСМ Никола Димитров цврсто стои зад повикувањето на Никола Груевски во преговорите со Унгарија  “Веруваме дека Груевски ќе ја намали разликата во гледиштата на двете земји и очекуваме да го повлечат ветото”

Република Западна Македонија со ултиматум “Ако на статуата на Али Ахмети во центарот на Скопје не ставите текст дека е херој што се борел за слободна Западна Македонија тогаш ќе мора да ставиме вето на вашите преговори за влез во ЕУ”

Оливер Спасовски “Проектот “Пријави Хејт спич – лапај си spring peach” е успех! Само во последните 2 недели уапсивме тројца малолетници кои рекле “Ај кажи три? Под кур ми се скри” – Омразата нема да победи!”

Menaxheri i ekipit maqedonas të futbollit – Goran Pandev pushohet nga puna pasi refuzoi të nisë 11 lojtarë me origjinë shqiptare

Зоран Заев на последното рочиште побара да му се намали казната затвор велејќи “А бе видете, стварно немав појма дека тоа со Мерцедесот било проблем бе…” и покрај тоа што тој воопшто не е осуден за Мерцедесот туку за 93 работи што немаат  врска со Мерцедесот. Неговиот адвокат вели дека поранешниот премиер го губи разумот во келијата и мора да му се намали казната, а одбранта тврди дека тој разумот го изгубил уште многу одамна. Следете ги преносите од судскиот процес на МТВ-PPV за само 20 долари! 

Шок на улиците! Бездомник веќе три месеци по ред ги напаѓа случајните минувачи. Имено, тој оди од човек на човек и се дере “А БЕ ЈА СУМ МИЦКОСКИ ПОРАНО ЛИДЕР БЕВ НА ВМРО КАКО БЕ НЕ ВИ ТЕКИЊА БЕ ЛЕЛЕ И НА ВЕСТИ МЕ ИМАШЕ ЕДНО ВРЕМЕ БЕ, МОРА НЕКОЈ ДА СЕ СЕЌАВА НА МЕНЕ???”

Димитар Апасиев на прес конференција: Мора да се реши проблемот. Оптимист сум дека до крајов на месецов ќе има спојување помеѓу ЛЕВИЦА-СДСМ и ЛЕВИЦА-ДПМНЕ!

Најновите шпекулации тврдат – Владо Јаневски позитивен на КОВИД-69?!?

Поранешниот претседател на Република Северна Македонија (Бугарска) – Бојан Јовановски алијас Боки 13 на Твитер: I WON! BY A LOT! Неговите фанови не знаат зошто не пишува на македонски, ама секако, тој ја има поддршката. Од ЕУ се вели дека државата сама треба да го реши проблемот со изборите. Од таборот на противникот се вели “Цврсто веруваме дека кога ќе се пребројат сите гласови претседател ќе биде Миленко Неделковски.”

Жител на нашата земја победи на музичко натпреварување! Експертите тврдат “Овој пејач ќе биде заборавен за три години од сега”

И за крај, вестите од времето.

Времето е концепт.

Извор: кооперација мк

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.