Евакуирани неколку неподвижни лица по пожарот во месноста Пасјак во пехчевско-делчевскиот регион.

Евакуирани неколку неподвижни лица по пожарот во месноста Пасјак во пехчевско-делчевскиот регион.
август 03 00:16 2021

Жители близу месноста Пасјак во пехчевско-делчевскиот регион информираат дека ситуацијата со пожарот кој утрово избувна кај планината Средна е алармантна.
-Пожарот започна од утринава негде околу пладне. Гори Чуката, дел од Средна и поголем дел од пожарот се движи во правец кон селото Нов Истевник. Ситуацијата е навистина алармантна, бидејќи голема е опасноста да изгори цел Нов Истевник, вели Усаин Кампелезов, жител на соседното село.


Додава дека ветерот ја отежнува работата бидејќи е силен и бргу го шири пожарот. Според информација добиена од директорот на јавното комунално претпријатие Стојче Стојковски заедно со градоначалникот Горан Трајковски заедно вршат координација за текот на гаснењето. Додаде дека во моментот се врши евакуација на неподвижни лица и имот.


Во пожарот како што претходно информираа од Територијалната противпожарна единица во Делчево гори високо-стеблеста борова шума. Како што додадоа со поддршка на колеги од Берово и Пехчево, се прават натчовечки напори со сите расположливи ресурси да се влијае за намалување за огнената стихија.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.