ВО СРЕДА ВО БЕРОВО ПРОМОЦИЈА НА КНИГИТЕ „НЕСРЕДЕН ВЕК“ И „ПРЕД НЕКОЕ ВРЕМЕ“ ОД ТИХОМИР А.ЈАНЧОВСКИ

ВО СРЕДА ВО БЕРОВО ПРОМОЦИЈА НА КНИГИТЕ „НЕСРЕДЕН ВЕК“ И „ПРЕД НЕКОЕ ВРЕМЕ“ ОД ТИХОМИР А.ЈАНЧОВСКИ
октомври 23 14:53 2021

Во среда на (27 Октомври) во клубот „Сити паб“ во Берово, ќе се одржи промоција на книгите „Несреден век“ и „Пред некое време“од Тихомир А. Јанчовски, кои се дел од една целина.
Промотор и водител на настанот ќе биде Тања Аждаја, а ќе читаат гости и вљубеници во убавиот збор, како и самиот автор.

Тихомир А. Јанчовски е по потекло од Малешевијата и во неговата објава на фејсбук пишува:

-Драги пријатели од Малешевијата, јас сам од Робово, од Јанчовци и Сивевци, а Тања е од Берово, од Аждерци. Ќе направиме се што е до нас да видите ка изгледа една промоција на книга, оти на државата или на општината до сега не и е текнало да организира такова нешто за дуњата од Берово, Пехчево и селата од околината. За мене лично, народо од Источна Македонија е ногу бистар, кроток и питом, и заслужува за него да направиме убава книжовна вечер, па беќи по неа некој ќе се сети да организира и други таквија настани. Сос промоциите на мојте книги на Истоко до са сам стигнал до Кочани и Виница, и на ред дојде и Малешевијата. Од срце Ве покануваме дојдете, и ега најдете време… гледете да најдете. Промоцијата е фов среда, од седем саато, на убаво место. Една вечер мош да забораите кладилниците, ТВ дневнико и турските серии и да дојдете на културен настан, јас сам сигурен оти нема да се покаете – истакна Јанчовски.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.