Архитектот на Спомен домот на Разловечкото востание во шок. Објектот кој го градел и за кој доби награда – се распаѓа.

Архитектот на Спомен домот на Разловечкото востание во шок. Објектот кој го градел и за кој доби награда – се распаѓа.
март 12 19:17 2018

Aрхитектот на Спомен домот на Разловечкото востание, кој се наоѓа во делчевско Разловци, фрапиран. Објектот кој во 1981-та година доби прва награда за најдобро архитектонско решение и е едно од најубавите дела на Ѓорѓи Константивновски, сега се распаѓа :

  • Разочаран сум комплетно од она што го видов, а тоа значи една голема негрижа на државата спрема она што го имаме како спомен, а спомените се многу важна за една држава, тие се практично историја, ние на тој начин ја бришеме историјата, вели Ѓорѓи Константиновски, архитект.

Досегашниот однос на надлежните спрема овој објект, според Константиновски е за секоја осуда, зашто спомениците се оние кои зборуваат за исотирјата на еден народ :

  • Ако нив не ги гаиме, значи се негираме самите себеси и тоа е најлошото и нешто најстрашно што може да му се случи на еден народ. Мислам дека ние Македонците, треба да обрнеме поголемо внимание и со поголема љубов да се однесуваме кон спомениците што ги имаме изградено во името на нашата држава, во името на паднатите жртви, во името за се она што треба да придонесе, за да биде благодет и напредок на целата наша Република, истакна Константиновски.

Спомен домот на Разловечкото востание е изграден во 70-тите години на минатиот век и неговото значење од архитектонски аспект сеуште е многу големо. Тој е еден вид буквар за сите идни архитекти, зашто има што да се види и научи.

Во посета на Домот во Разловци беше и група студенти од Архитектонскиот факултет од Скопје, заедно со нивните професори за да се запознаат со спецификите на грандиозниот објект :

  • Овој семестар со група студенти сакавме да го посетиме Разловци, посебно инспирирани од Спомен домот на Разловечкото востание, практично тоа е архитектонско студио што се работи еден семестар има своја задача, во конкретниот случај се работи за истражувачка лабораторија за архитектура или летна школа за архитекти, изјави Миназ Бакалчев, универзитетски професор.

Инаку, досега реновирана е само поткровната конструкција на објектот. Иако имаше најави за комплетна обнова на Спомен домот, сепак се се заврши само со ставање на црна хартија на покривот кој прокиснуваше.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.