ШТО НА БЕРОВЧАНИ НАЈВЕЌЕ ИМ НЕДОСТАСУВА ВО ДОБА НА КОРОНАТА?

ШТО НА БЕРОВЧАНИ НАЈВЕЌЕ ИМ НЕДОСТАСУВА ВО ДОБА НА КОРОНАТА?
декември 05 22:22 2020

И обичниот работен ден и прошетките низ градот и кафето испиено на беровската чаршија и чашата пиво, веќе не се исти.Короната дефинитивно во нашите животи внесе промени, а иако најважно е да го сочуваме животот, поради неа изгубивме и некои работи кои не прават среќни.

Од најмалите ситници, до убавите и спокојни моменти, луѓето, а тука се концерти,прослави, па дури и вообичаените денови на работа без грижа и разговор за короната.

А кога корона кризата ќе помине, повторно ќе дојде онаа нормална секојдневица, сепак во овој период и понатаму ќе се зборува и ќе се запрашуваме на што се ова не научи.

И сите на крајот се согласуваме со едно, дека здравјето ни е најважно и дека за своето и за здравјето на другите, мора највеќе да се грижиме.

Останува да се надеваме дека и останатите задоволства кои короната ни ги одзеде, што поскоро ќе ни се вратат.

  Категории: