Избрзаните и непромислени одлуки на Владата со воведувањето на полицискиот час и ставање во карантин неколку општини каде има најмногу заразени со корона вирусот, ги наполнија туристичките места во Македонија.Не изостана ниту нашиот град Берово, каде за продолжениот викенд, сите капацитети се преполни со гости и туристи најмногу од Скопје исто така и од Куманово,Велес,Штип каде деневиве овие градови преставуваат жаришта со најмногу заразени во државата.Беровчани пак изразија негодување и револт поради приливот на туристите и ситуацијата со пандемијата која многу лесно може да се пренесе тука.
Маркетите и продавниците низ градот се преплавени со гости од Скопје, кои претставуваат потенцијална опасност за Беровчани и целиот град кој важи за чист град и каде се почитуваат мерките на претпазливост.
Вријат страсите на Беровчани и на социјалните мрежи, за ситуацијата и немањето свест кај туристите и очекуваат одговорност од општината и од нашите сопственици на викендици.Еве неколку од нив:
Моментално додека го пишуваме прилогот, граѓани се јавуваат и реагираат на уште поголеми гужви во центарот на градот и маркетите од страна на посетителите од Скопје и другите жаришта со корона вирусот.
Поради зголемениот број туристи кои за време на продолжениот викенд се во Берово, градоначалникот пак Звонко Пекевски вчера излезе со изјава и апелираше на задолжително почитување на препораките и мерките за заштита од вирусот Ковид-19.
Екипата на Малеш Нет, вчера беше во обиколка на градот и Беровското езеро, каде можеше да се забележи зголемено присуство на туристи.
Еве го и видеото во продолжение.