Почитувани жители на Општина Берово ,
Во пресрет на зимската сезона, со цел решавање на проблемот со паркирани хаварисани возила, кои заземаат јавни површини и претставуваат лоша слика за Берово, Општина Берово ги известува граѓаните, дека започнува со АКЦИЈА ,,Чист град без хаварисани возила и без приклучна механизација на јавните површини” .
Во таа насока, се известуваат сопствениците, кои на јавни површини имаат паркирано хаварисани возила и приклучна механизација, веднаш да ги отстранат, од коловозот и тротоарите, односно од јавните површини.
Акцијата, согласно предвидената динамика, ќе се спроведе во две фази и тоа превентивна и репресивна.
Во првата фаза , инспекциските служби, при Општина Берово, ќе се вршат континуирано информирање на граѓаните за нивните обврски, да ги отстранат возилата и приклучната механизација, поради попречување на одвивање на сообраќајот и загрозување на животната средина.
Во втората фаза, доколку во најкраток можен рок, не ги отстранат возилата, ќе следи преземање на санкции.
Целта на оваа акција е да се евидентираат и отстранат нерегистрираните, хаварисаните и дотраените моторни возила и приклучната механизација, од јавните површини, како и да се создадат услови за безбеден и уреден сообраќај и здрава животна средина.
Ви благодариме за разбирањето.
ОПШТИНА БЕРОВО
Градоначалник
ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ