OK ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО: РОДИ МЕ МАЈКО СО ЧЛЕНСКА ОД СДС И ФРЛИ МЕ ВО БЕРОВО

OK ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО: РОДИ МЕ МАЈКО СО ЧЛЕНСКА ОД СДС И ФРЛИ МЕ ВО БЕРОВО
ноември 15 14:48 2022

ОК ВМРО ДПМНЕ од Берово, денес излезе со соопштение каде ги истакнува сите блиски вработувања на членови и фунционери на партијата на власт СДСМ во Берово, посочувајќи дека истите имаат и по неколку функции на локално ниво. Како што се вели во партиската реакција институциите во Берово се одличен пример за напотизам, заглавени до гуша од партиски кадри.

Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Берово, додадоа дека ова е само почеток на приказната, за која најавуваат неколку продолженија, за граѓаните на Берово и Малешевијата конечно да се запознаат со вистинските лица и пристрасноста кон партиските послушници и роднини, на фаункионерите на власт.

Во продолжение еве ја реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Берово:

Ја знаете онаа приказната за осумте „ничии деца“ кои што требаше да одат на обука за контролори, меѓутоа порaди тоа што не беа партиски деца, сакаа да испратат „нивни“ деца? Одговорност има затоа што сакаа да наместат партиски кадри од ДУИ и СДС, но не им помина поради тоа што криминалот и местенката излезе во јавност… Да, таа приказна каде осумте деца кои биле најдобри на тестирањето спроведено од Еуроконтрол (го правела независна лиценцирана фирма од Данска), не сакаа да ги пуштат да се образуваат за контролори на лет во Данска затоа што на тестовите осумте најдобри не беа партиски кадри. Не беа деца на партиски функционери. Не ги бива по бадентер и по балансер. Е затоа државата се обиде осумте ничии деца да ги репресира, срамота е во нашата држава да бидеш најдобар, ако има партиски поподобен за одредена позиција. 

Е кај нас приказната „Роди ме мајко со членска од СДС и фрли ме во Берово“ врви одлично, толку добро, што не само што се’ е местенка, туку имаме одличен пример за непотизам низ нашите институции. Досега по допрен глас требаше да превземат мерки одредени институции на кои тоа им е работа, но и тие се заглавени до гуша со партиски кадри. 

Да се потсетиме како оди вработувањето во наше Берово: 

Да почнеме од градскиот татко, „Елитните Пекевски“, кој за да не оди неговата сопруга во Струмица на работа, едно доаѓање во фотелјата, прв проект за доброто на Општина Берово беше вработувањето на неговата сопруга во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“. Да не заборавиме да потсетиме дека и во Струмица беше партиски вработена, не затоа што е подобна. Подобните и паметните не седат без работа да чекаат партиско вработување. Но фамилијарното вработување не завршува тука, туку зет му од неговата сестра е вработен како магационер во комуналното претпријтие во Берово. Снаата за брат на неговиот зет е експресно прибрана во детската градинка како сметководител. Не можеше да заврши работа на својата роднина по кумова линија, па затоа снаата од брат на крштелниците се погоди најподобна за вработување во Општината. Тука е и другарката на сопругата, не и се погоди во образованието во основното училиште, ама затоа експресно доби решение во општината. Сите до еден кој од кој поголем експерт во својата област. Со малку дискутабилно образование и дискутабилен просек од тоа високо образование, ама за тоа друг пат. И сите дошле од претходни институции со разни шпекулации за нивните работни способности, ама затоа општината ги става на прав пат, ги дооформува да бидат експерти во несоодветни области. 

Да го чепнеме малку и претседателот на СДС во Берово. Кланот Рунтевски. Вработен во ЈПКР, изберен од градскиот татко за директор на истото претпријатие два пати, претседател на СДС. Не е интересно да имаш само три функции, мора да се дојде до уште една државна позиција, па така неговата сопруга која инаку има дипломирано на Албански јазик, заврши на работно место каде на друго место, ако не во општината. Уште да имаше работа соодветна на нејзиното образование, ќе беше барем погодена за позицијата за која ќе се испотепаат во западната половина од државата. Првиот братучед на директорот на ЈПКР, кој со судни маки дипломираше после десетина години како социјален работник, исто експресно заврши како вработен во Центарот за социјални работи. Тука не знаеме како се сложиле градоначалникот и директорот на комуналното претпријатие долгогодишниот студент да биде избраниот за социјален работник, бидејќи неговиот татко, години наназад висок функционер од СДС, беше еден од избрканите од работа од општината, благодарение на Пекевски. Неговите оценки бркаат луѓе од работа и тоа благодарение на неговиот потпис, не на никој друг, па после општината сноси трошоци за да ги врати пак по судски пресуди и да го исплати она другото во меѓувреме. Ама веројатно тоа било награда за синот, поради бркањето на таткото. Иако уште не ни е јасно со каков просек е социјалниот работник што студирал јубилејно на факултет. За блокадата на општината поради долгот од Пелагонија, во кој процес е вмешан тој висок функционер од СДС друг пат, има интересни пресметки таму и интересни бизниси. Инаку, и тука кај претседателот на СДС во Берово работи добро другарската линија како и кај Пекевски, па затоа сопругата на својот другар е експресно прибрана кај него во неговото јавно претпријатие. 

Интересен е за споменување секретарот на СДС на локално ниво. Освен што е претседател на ОФК Малеш, тој е член на управен одбор во здравниот дом во Берово, ама држи и сигурно работно место во општината, иако повеќе е „теренски“ активен за време на работното време надвор од општината. Малку се три позиции, затоа неговата сопруга веројатно ќе биде вработена во домот за стари лица во Берово како физиотерапевт. Освен ако роднина на Пекевски не преовлада за тоа работно место, тоа уште не знаеме, ќе видиме во 2023 година кога ќе решат да го пополнат. Уште не одговорил колку и како се прибрани и на кој начин потрошени средствата за фудбалскиот турнир што тој лично го организираше. Не, ни случајно да не сте помислиле дека тука има корупција или нешто не е како што треба. Во организаторите на турнирот имаме претходно „работно“ искуство како се краде општинска струја. Па веројатно и тоа е дел од „нормалното“. Побогу, зошто да преиспитуваме? 

Да не ја заборавиме и поранешната пратеничка, пардон, поранешната министерка Шахпаска. Онаа која не знае колку пари чинат одредени продукти. Да да, таа што не знае колку пари чинат 2 кг месо. Нејзината золва е во првовработените во општината. Додека пак на сопругот на золва и, несуден градоначалник на Берово, не му се погоди во Македонски Шуми, ама затоа ептен му се погоди во домот за стари лица. 

Сите со членска од СДС. Покрај членската од СДС, сите непотистички поврзани едни со други. „La Famiglia“ бизнисот цвета во Берово. Не само што ги партизираа институциите во Берово, туку и ги приватизраа. 

Ова не е се’. Допрва ќе разјасниме како клиентелизмот, елитизмот и непотизмот формираат несоодветни партиски кадри за државни работни места. За одредени лица кои треба да влезат на работа во одредена институција дури и систематизации се менуваат специјално, ама веќе кажавме за тоа. Само што Пекевски има подобра школа од овие со авиосообраќајот. Тие се јавиле во данската школа за контролори за летање да бараат отчет зошто осумте најдобри деца се примени, а не се наоѓаат на ничиј список. Побарале отчет зошто не се примени „нивните“ деца. Затоа Пекевски оди на сигурно, на „неговите“ партиски кадри дава листи со прашања, да одат спремни на интервју за работа, да не случајно се засрамат, оти тој ќе треба да реагира. 

Берово сме полоши во последните пет години и од тетовската болница, и од автобските трагедии… „Каблите од болниците“ ни се под партиски тепих сместени. Перцепција за корупција, непотизам и елитизам? Не, нема перцепција, живееме во тој свет, така да погрешното го гледаме секојдневно и го прифаќаме, за жал. Полна им е устата со транспарентност и отчетност, ама затоа организиран криминал, непотзам и корупција им е мантра. Системот ни фунционира беспрекорно, поделби на работни места, поставување на директори по партиски линии, вработување на „наши деца“, „наши кадри“, јавни набавки од „наши луѓе“ (ако сте неподобен овде, ќе ви се јават по телефон да не се пријавувате на тендер оти не сте од нивнте!)

Продолжува…


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.