На улицата „4 Јули“ во Берово живее баба Дафинка Клинчарска, која со своите 95 години е најстариот жител во градот.Рацете помалку и се тресат, гласот и трепери, но иако годините надвиснале над неа,слухот,видот и помнењето добро ја служат.Одењето со помош на ортопедско помагало поради скршениот колк во деведесетата година, е единствениот здравствен проблем кој го има, другото се е во ред вели Дафинка.
Баба Дафинка е родена 1925 година во Берово и за неколку месеци ке го прослави својот 96 роденден. Таа е и најстарата пензионерка во Берово.
Ја посетивме нејзината куќа која е исполнета со спомените и случките од нејзиниот живот, поставени на зидовите.Живее сама, но за неа се грижи нејзиното семејство кое срдечно не пречека.
Сеќавањата на атентатот на кралот Александар, окупацијата од Бугарија, како и многу други настани од минатото не преставуваа никаков проблем за старицата да ни раскаже дел од нив.
Вели дека Берово имало најубава касарна во тоа време, а многу жени од гадот се омажиле за српските чиновници и се преселиле да живеат со нив во Србија и Англија.
Најтешките моменти во нејзиниот живот се изгубувањето на двата сина која тешко ја погодило и до ден денес тоа и остава болка.
За оваа прекрасна старица постојано се грижи нејзината ќерка и снаа, која вели дека со баба Дафинка е веќе над 40 години и немало некои проблеми.Ни откри дека улицата на која живеат и се заведени во сите документи веќе долго време ,не постои и никогаш не постоела.
Ја прашавме баба Дафинка кој е рецептот за долг живот.Ни одговори дека можеби е тоа што не пие кафе,цигари и алкохол.
На мистичната улица „4 Јули“ во Берово, го пронајдовме и три години помаладиот дедо Григорије, кој исто така е еден од најстарите жители во градот.
Исто и како баба Дафинка, здравјето го служи одлично, освен операцијата на стомакот поради тешката работа која ја работел долго време.70 години дедео Глигор се занимавал со дигање и носење дрва со своите волови и запрежна кола.За разлика од Баба Дафинка, тој пуши цигари а до пред неколку години, знаел понекогаш да се напие некоја чашка сливова ракија заедно со неговите другари во Пензионерскиот дом во Берово.
„Ништо не е тешко, се се постигнува само ако си ја гледаш својата работа“ советува дедо Глигор и ни раскажа за минатото кога многу се работело.
Го затекнавме како ја гледа репризата на фудбалскиот меч помеѓу Грузија и Македонија, каде нашата држава за прв пат се пласираше на Европско првенство.Го сакал фудбалот па ни раскажа и за фудбалскиот клуб Малеш во кој играл 10 години.
Старите луѓе имаат мудрост. На нив им е доверено да го пренесуваат искуството на животот, историјата на семејството, заедницата, народот.
Бројот на старите луѓе во светот расте.Според податоците на СЗО, во периодот од 2000 до 2050 година, бројот на старите лица ќе се зголеми за 605 милиони на две милијарди луѓе.
Ова се најстарите Беровчани, кои со годините кои натежнале над нив, сведочат за едно време во кое толеранцијата,соживотот и почитта кон постарите луѓе,бил нивно секојдневие.Заслужуваат да им вратиме со истото.Да се грижиме за нив и да ги почитуваме.