Дел од зборовите во Малешевскиот говор, каде специфичен е преводот кој е со повеќе зборови. Идејата на рубриката е токму тоа, па затоа можете и вие да ни пишувате и да ни праќате зборови кај кои преводот е долг.
Пример: ( бунела – виљушка) не се важи.
ИСКРВЦИ
остатоци од патишпан
ПАРАМОН
прекар на човек
НОШЧВИ
дрвени даски за месување на леб
ЏУРИЉАК
дрвен стап за правење на матеница
ЅВРКЛЕ
течен пресен кашкавал од овчо млеко
МАЗУЛ
шумска патека направена од влечење на трупци
ЗГРПИНА
човек со атлетска градба
КЛЕПЕ
кочница на коњска кола
СКРНА
наталожени нечистотии кај човечката кожа
САНТРАЧ
направа за порамнување на копитата кај животните
КОТРУЛ
долга природна коса
БАБУАРЕЦ
специјален плод кај видот на слива „Стенлеа„
БУТИМО
дрвен сад за биење на матеница
СТРАНИШЧЕ
запалени остатоци од ожнеана нива
КРОНДИР
мрзлив човек, незаинтересиран за ништо
МАЛАК
човек со нечисто лице
ВАЈ ДУДУЛЕ
кога некој ќе го наврне дожд од глава до пети
КОСТУРА
самозадоволство кај машкиот род
ЧЕФРЛИГА
израсток на главата од силен удар
БИБЕ
млад, кисел плод од слива кој се јаде со сол
ТУЛИШЧЕ
плетена куќарка за пчели
МУРАБЕ
подадена рака
УПЈАК
човек кој е забеган во мозокот
СУЛИНДАР
замрзнат лед што се спушта од стреата
ЏЕНАБЕТ
мудар или итар човек