НОВИНАРИТЕ ГО ИЗБРАА “НАЈДОБРОТО ОД ИСТОКОТ“

НОВИНАРИТЕ ГО ИЗБРАА “НАЈДОБРОТО ОД ИСТОКОТ“
јули 17 22:06 2022

Во прекрасниот амбиент на Аурора Ресорт и Спа на Беровско езеро, викендот Регионалниот актив на новинари ИСТОК ги додели наградите на најуспешните фирми, институции и поединци за 2021 година.
На настанот присуствуваа и амбасадорите на Република Словенија, Република Австрија и конзулот на Република Бугарија, на кои земји им беа доделени признанија за гаснењето на пожарите во Малешевско-Пијанечкиот крај.

Берово и Малешевијата може да се пофали со три признанија кои беа доделени во областа на туризмот, спортот и образованието.

Големите успеси на пинпгпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово, кој за кратко време се издигна на врвот во државата и пошироко со добиени огромен број медали, не можеше да не биде забележан од новинарите од регионот, па затоа на манифестацијата доби награда за нај брзорастечки пинг понг клуб за 2021 година.

Признанието за менаџер за 2021 година во областа на туризмот, беше доделено на генералниот менаџер на нашиот бисер хотел „Манастир“ во Берово, Дина Муцунска, со што нејзиниот квалитет во работењето, беше награден од новинарската фела.


Третото признание кое останува исто така во Малешевијата, е во областа на образованието, а и беше доделено на неуморната учителка Оливера Ковачовска Кратевска од Пехчево, која беѓе избрана за учителка на годината.

На Иван Бојаџиски од страна на новинарите му беше укажана голема чест со доделувањето на признанието за животно дело, за неговите навршени 60 години новинарство, работа во 28 редакции и објавени над 25.000 текстови кои и денес стојат во нашите национални библиотеки во Штип и во Скопје.

Настанот со бирани зборови го отвори Иван Јорданов, претседател на ИПР, присуствуваше и градоначалникот на Берово Ѕвонко Пекевски,, на него се обратија и амбасадорите на Словенија и Австрија како и конзулот на Бугарија во Македонија, водител беше инспиративниот Тони Михаилов.

Еве ги во продолжение сите доделени признанија на манифестацијата „Најдоброто од Истокот“

Признание за наука доби проф.д-р Дејан Мираковски, за образование музичкото училиште „Ристо Јуруков“-Кочани, учителка на годината е Оливера Ковачовска Кратевска од Пехчево, прво лице во стопанството е Мебел Ви од Виница, во здравството признание му е доделено на д-р Димитар Кожухаров, специјалист уролог за 40 години работа, менаџер на годината е Дафинка – Дина Муцунска, генерален менаџер на хотел ресторанот Манастир во Берово, прво лице во културата е Трајче Кацаров, писател за 35 години активно творештво, во архитектурата и урбанизмот наградата ја понесе Студио Атрум од Штип за 20 години успешен развој, најхумана организација е МПЦ ОА „Св.Спас“ за бројните хуманитарни активности, во спортот најголем напредок има остварено пингпонгарскиот клуб ЗЕГИН-Берово, а најуспешен спортист е каратистот Емил Павлов, кај здруженијата на граѓани наградата му е доделена на пчеларското здружение Матица-Кочани , а за младински активизам извидничкиот одред Ластовица исто од Кочани.