60 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ ОД МАТУРА ПРОСЛАВУВА ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА 1945 ГОДИНА ОД БЕРОВСКАТА ГИМНАЗИЈА АЦО РУСКОВСКИ

60 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ ОД МАТУРА ПРОСЛАВУВА ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА 1945 ГОДИНА ОД БЕРОВСКАТА ГИМНАЗИЈА АЦО РУСКОВСКИ
јуни 08 23:01 2024

Првата генерација на матуранти од беровската гимазија „Ацо Русковски“ во Берово, родени 1945 година, денес прославија 60 години јубилеј од нивното завршување на средното училиште во далечната 1963 година. Како најуспешна генерација, некогашните средношколци кои и денес се високо ценети на пиедасталот како врвни доктори, економисти, бизнисмени и стопанственици, уживаат во пензионерските денови.

По шест децении, денес во „Ловен Дом“ во Берово, повторно се собраа и ја одбележаа со веселба и убави мигови нивната значајна средба од матурирањето, која е симбол на нивните дружби и прекрасни моменти во средношколските клупи во беровската гимазија.

Организатор на матурската средба беше Благој Механџиски, сопственикот на компанијата Зегин, кој ги собра на едно место сите негови колеги од генерацијата од неколку соседни градови, што токму во средното училиште во Берово, го завршиле своето средно образование. Во тоа време се сеќава Механџиски, бројот на ученици бил околу 700 од неговата генерација.

-Оваа генерација е прва генерација на гимназијата Ацо Русковски, со учителска, економска и гимназаиска паралелка. Ние бевме бевме околу 700-800 ученици. Овде беа најдобрите професори и најдобрите ученици. Од ова гимназија се освоија првите места по физика, хемија, биологија, а бевме и прваци по технички науки и спорт. Сето тоа беше успех не само на нашата генерација, туку на сите генерации на оваа гимназија, кој интелектуален кодекс беше пласиран не во Македонија и цела поранешна Југославија. Првото пресадување на бубрег е од беровскиот доктор Влашки, првите математички модели се од Кржовски, Благој Попов, првиот успешен бизнисмен Андонов, како и банкари, музичари, лекари и други успешни луѓе од Малешевијата сето тоа го даде нашата гимназија. Ние сме горди на сето тоа и секоја година се собираме заедно и се осеќаме како едно семејство. Ние сме се подржувале многу во школските денови со дружби и многу убави моменти и можам да кажам дека беровската гимназија Ацо Русковски во тоа време беше на прво место по кадри и Берово има најмногу учени луѓе по глава на жител во Европа со високо образование. Јас во уѓилиштето што учев во селото Русиново тогаш бевме 80 ученици, а оваа година се запишале само 5 ученико, со што сакам да испратам порака да не го напуштаме нашето огниште, туку да се препознаеме со мојата и другите успешни генерации кои излегле од беровските училиште – рече Благој Механџиски.

Весела Чичаковска-Стојковска, првенец на генерацијата во гимназијата во Берово, се сеќава на средношколските денови, каде потоа со многу труд се запишува на економскиот факултет во Скопје, со што потоа станува и директор на дирекција на сектор во Стопанска банка.

-Јас започнав во гимназиска паралелка, но после два месеци се отвори економска паралелка во Берово и продолжив таму. Бев прогласена и добив награда за првенец на генерацијата со што потоа продолжив на Економскиот факултет во Скопје. Како дете сирак и без многу можности, бев многу уплашена кога се запишав на факултет, бидејќи овде беа деца на скопски фамилии кои имаа можности да учат што сакаат, но мојата упорност и желбата да завршам факултет, ме натера да продолжам и да забаравам на се и заврашив како првенец на генерацијата на Економскиот факултет во 1988 година. Иако имав многу понуди за работа како асистент на факултетот или да си бирам кое место го сакам, дури имав понуда за работа во Народна банка како и во Белград, јас останав во Скопје и се вработив во Стопанска банка, каде потоа станав директор на дирекција на секотор. Се гордеам со мојата генерација, иако растевме во едно сиромашно време, меѓутоа растевме во едно релаксирано време кога немаше завист, сите бевме исти и сите сакавме да учиме и да се докажеме. Беровската гимазија е позната по добри ученици, добри студенти и со тоа се гордеам. Но горда сум и на моето Берово, кое сакам на било која начин да го промовирам и за туризам и гостопримство за природата и убавината. Многу ми е драго што денес сме собрани тука и доживеавме 60 години од завршувањето на нашата матура и благодарност до нашиот вечен подржувач Благој Механџиски, кој ни ги овозможува сите наши средби и прослави – истакна Весела Чичаковска.

На денешниот јубилеј, присутните им одадоа почит на сите од генерацијата 1945 година, кои се заминати од овој свет. Од средбата произлезе и иницијатива за изработка на монографија на генерацијата, каде ќе бидат сместени сите успеси и достигнувања на успешните беровски гимназијалци пред шест децении, кои денес со високо крената глава, уживаат во животот и ги пренесуваат нивните совети за успех на помладите генерации.

Градот Берово, гимназијата Ацо Русковски и сите луѓе сме горди на оваа генерација, која со нивниот интелект е пример за целата држава и пошироко. Да сте ни здрави и живи и уште на многу вакви средби да се среќавате. Честит 60 години јубилеј горда генерацијо 1945.

Во продолжение погледнете видео и галерија:

  Категории: