ОД ПРВИ ЈУНИ НЕ МОРА ДА СЕ НОСАТ МАСКИ НА ОТВОРЕНО, ДОЗВОЛЕНИ СВАДБИ СО 100 ГОСТИ, ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОСТАНУВА, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА.

ОД ПРВИ ЈУНИ НЕ МОРА ДА СЕ НОСАТ МАСКИ НА ОТВОРЕНО, ДОЗВОЛЕНИ СВАДБИ СО 100 ГОСТИ, ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОСТАНУВА, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА.
мај 28 11:17 2021

Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи информира дека пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи.

Комисијата до кризниот штаб ќе ги предложи следните олабавувања:

-Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.

-Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

-Да се дозволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

-Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

-Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.

– Полицискиот час останува на сила.

-Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани. Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелирам до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките, пишува Филипче на Фејсбук.