30 УЧЕНИЦИ РОМИ ОД БЕРОВО ДОБИЈА ТАБЛЕТИ ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА ОД СОВЕТОТ НА ЕВРОПА.

30 УЧЕНИЦИ РОМИ ОД БЕРОВО ДОБИЈА ТАБЛЕТИ ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА ОД СОВЕТОТ НА ЕВРОПА.
декември 31 17:03 2020

Со донација од Советот на Европа во рамки на РОМАКТЕД Програмата, денеска беа додели 30 таблети, на ученици Роми, од семејства со ниски примања и од многудетни семејства, кои наставата ја посетуваат од далечина.

Градоначалникот Пекевски, им ги предаде таблетите на учениците од основните и средните училишта посакувајќи им среќни празници, да ги користат уредите за забава и игра, но пред се, истите да им послужат за да можат да се вклучат во on line наставата.

Образованието е многу корисно за нечиј раст и развој и често се смета за клуч за успех и светла иднинa вели Фирдеска Зекирова координатор на Локалната акциска група и изрази голема благодарност до Советот на Европа за обезбедените таблети за учениците Роми од Берово.Во следниот период најави дека не само за учениците Роми, туку и за дечињата од другите националности во Берово, кои имаат потреба, ќе се обезбедат паметни уреди за следење на онлај наставата.

Инаку целта на РОМАКТЕД Програмата е да ги вклучи Ромите на локално ниво, врз принципот на добро локално владеење и имплементација, преку учество во процесот со формирање на Акциска група на заедницата и заеднички Акционен план.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.