21 ГОДИНА ОД СМРТТА НА КАПЕТАН ЗОРАН БУБЕВСКИ

21 ГОДИНА ОД СМРТТА НА КАПЕТАН ЗОРАН БУБЕВСКИ
мај 26 13:48 2022

Во чест на навршувањето на  21 година, од смртта на Капетан Зоран Бубевски, денеска на спомен обележјето на четворицата загинати бранители од Берово , во конфликтот 2001 година, градоначалник Звпнко Пекевски, претставници од Батаљон за врски Скопје, семејството на Бубевски и претставници од Здружението на воени инвалиди, положија свежо цвеќе, пред неговата биста.

-Оддадовме почит, ја споделивме тагата и уште еднаш си ветивме дека неговата жртва и дело, никогаш нема да биде заборавено, засекогаш ќе го памтиме како херој, кој го даде животот, за нешто поголемо од себе – рече градоначалникот Пекевски.

Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски,  пред 21 година,  застанаа во редот со Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп- Георгиев Беровски, Никола Петров Русински, Леонид Пецовски, Ацо Русковски и многу други херои, кои се вградија во континуитет на изградбата на независна македонска држава и го чуваат вечниот оган кој ние Беровчани, нивните сограѓани, нема да дозволиме да избледи.

Зоран Бубевски е роден на 10 јуни 1968 година во Берово, каде што го поминува своето детство. Основно образование завршил во Берово . Неговата војничка кариера ја започнува во ЈНА на воената гимназија во Белград, а потоа и на воена академија во Рајловац и Бања Лука. Дипломирал 1991 година. Во текот на својата кратка војничка кариера има извршувано повеќе должности: Командир на 1 стрелачки вод, во 2 пешадиска чета во гарнизонот ,,Кичево” , Командир на 3 вод во 2 наставна чета  во гарнизонот ,,Кичево”, Командир на 2 стрелачлки вод, 3 пешадиска чета во 13 пешадиска бригада гарнизон ,,Кичево”, помошник на командирот  за обука во 4 грб во гарнизонот ,,Куманово”. На 31 мај во конфликтот 2001 година, загинува од нагазна мина, на патот кон времената караула „Биљак“ кај Блаце.

Слава му на загинатиот бранител ЗОРАН БУБЕВСКИ и вечен спомен!

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.