Ниту снегот и лошите временски услови, не ги спречија 20-тината екологисти, кои по повод денот на пролетта, под мотото ,,Чиста Малешевија – Како што и доликува” , викендот во Берово, успешно реализираа еколошка акција, на локација покрај Беровското езеро.
Организатор на акцијата беше Здружение на граѓани ,,Патфајндерс”, во соработка со Општина Берово и туристички комплекс Аурора, како и Gala Nuts 2015 .
И покрај временските неприлики, екологистите упеаа да исчистат, дел крупен отпад околу кружната патека околу езерото, паркингот кај поранешниот ресторан и парковите во околината.
Иако со потешкотии, заради снегот, екологистите на Здружение на граѓани ,,Патфајндерс” имаа успешна акција и покажаа како треба да се управува во природата, а на нашите посетители и гости им покажаа колку е лесно и забавно да биде чисто и да биде средено.
Доколку нивниот пример го следат повеќе луѓе, светот би бил почист а сите ние посреќни.Од Општина Берово, упатуваат јавна благодарност, до сите кои се вклучија во акцијата и придонесеоа, денот на пролетта да биде одбележан со еко настан.