Советот на Општина Берово донесе одлука за доделување парична помош на семејството Белчовски кои ги донираа органите на својата ќерка Верче која трагично загина во сообраќајна несреќа.
Претседателот на Советот на општината Јован Матеничарски информираше дека средствата за ова семејство се обезбедени од општинскиот буџет.
-На барање на семејството Белчовски, денеска на седница на Совет од резервите на буџетот се одобрени 50 илјади денари. Дополнително градоначалникот ќе помогне со 50 илјади денари, така што вкупната сума, како поддршка за семејството Белчовски изнесува 100 илјади денари, рече Матеничарски