100 ВИДОВИ КОМАРЦИ ГИ КАСААТ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ.

јули 03 18:44 2018

Урбан, египетски и маларичен, ова се три од стотината видови комарци евидентирани во Македонија, кои според експретите, ги касаат граѓаните од македонскиот Исток, тврди за ТВ Стар угледниот професор – инсектолог од штипскиот УГД, д-р Душан Спасов.

  • Конкретно, по мои сознанија од 100 до 140 видови комарци се евидентирани во Македонија. На Истокот од Земјата најчести се три вида комарци. Урбаниот, египетскиот и маларичниот комарец, тврди проф д-р Душан Спасов – инсектолог.

Именуваните комарци можат да пренесат болести на луѓето, но најчесто доколку тие се присутни. Најпроблематични се маларичниот и египетскиот комарец. Урбаниот , тврди професорот, засега не покажал знаци за опасност по здравјето на лугето.

  • Египетскиот комарец знае да напаѓа птици. Доколку во наводници кажано жртвите на комарецот, односно, птиците се заболени, тогаш, ако овој комарец касне човек, автоматски ги пренесува патогените бактерии на болеста што ги има птицата. Најчест и најпознат пример е птичјиот грип, објасни професорот Спасов.

За среќа на македонските граѓани, присутноста на маларичниот и египетскиот комарец не е толку честа на нашите простори.  Аналогно на тоа, можноста од појава и ширење на било каква болест е сведена на минимум. Но, подсетува професорот Спасов, превентивата е најефикасното решение. Малите и здодевни инсекти, буквално се наоѓаат насекаде.

  • Влагата е основниот и главен фрактор за размножување на комарците. Поточно таканаречените устоени води. Тоа може да биде вода и во кофа или стари гуми, негибнати подолг временски период, образложи професорот.

Доколку жариштата, од каде можат слободно да се развиваат ларвите на комарците навреме се уништат, тогаш, доцно пролетниот, летниот и раноесенскиот период за граѓаните нема да биде неподнослив. Засега, статистиката покажала. Заболени граѓани од тропски болести, како резултат од каснување на комарци, нема евидентирано на македонскиот простор, особено на Истокот. Малкуте случаи со нилска треска се резултат од престој на заболените во земјите што гравитираат блиску до африканскиот континет и Блискиот Исток.

 

Извор. Тв Стар

  Категории: