Стрелците на двата гола за репрезентацијата на Швајцарија, Џердан Шаќири и Гранит Џака, би можеле да заработат казна поради начинот на кој ги прославија погодоците во победата против Србија. Тие покажуваа симбол на Албанија што ФИФА би можела да го сфати како политичка провокација, а тоа е строго забрането на Светското првенство (СП) во Русија. Џака на својот Инстаграм профил стави фотографија и напиша: „Еве ти, Србијо! Поради ова ме викаат Гранит Косово“. По тој повод следуваше реакција од левиот бек на српската репрезентација, Александар Коларов. „Ние сме Срби, ние сме над тоа примитивно однесување. Ние сме десет години пред тие што прославуваат на тој начин“ , беа зборовите на српскиот дефанзивец. Сега Србија ќе мора да прави чудо и да го победи Бразил во последното коло за да обезбеди осминафинале на Мундијалот. Извор: gol.mk