Ќе се истражува ,,отвор” длабок 4,5 метри кој се ,,појави” во месноста Раковец кај Пехчево! Отворот го пронајде пехчевецот Стевчо, познат меѓу населението како вљубеник во археологијата и истражувањето за кој јавно објави на својот фејсбук профил:
“Отвори се дупка над Раковец, длабока 4/5 метра и повече затрупано…најверојатно затворен римски рудник, затрупaна сос шлунак. Нека са на арно тие знаци за Пехчево”, се вели во неговата објава.
Според информации на www.delcevo365.mk за утре е најавена средба помеѓу градоначалникот на Пехчево и познат геолог од Источна Македонија кој ќе изврши првичен увид на самото место каде е забележан длабокиот отвор.
Во моментот заради заштита на населението местото е обележано со знак за претпазливост.
https://youtube.com/shorts/z02E3aSW2Pc?feature=share
https://youtube.com/shorts/Nb7F-Yxa9-s?feature=share