Општина Берово објавува јавен оглас за ангажирање на консултант и тутори за поддршка на ученици Роми од 2-ро, 3-то и 4-то одделение во основно образование во Општина Берово. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво.
Краток опис на акцијата
Оваа акција има за цел да го унапреди квалитетот на образование за децата Роми во основно образование кои беа дел од наставата во далечина за време на пандемијата и се соочија со разни предизвици од кои произлегоа значителни последици во однос на намалување на квалитетот на образование за учениците Роми.
Тутори
Во рамките на акцијата ќе се обезбеди дополнителна образовна/туторска поддршка на минимум 30 ученици Роми во учебната 2022/2023 година (април-јуни) и 2023/2024 година (септември-декември). Дополнителната поддршка ќе биде обезбедена за децата Роми вклучени во 2-ро, 3-то и 4-то одделение кои покажуваат слаби образовни резултати како последица од наставата во далечина за време на пандемијата. Дополнителна образовна/туторска поддршка ќе се обезбеди по предметите Македонски јазик, Математика и Англиски јазик.
Во рамките на оваа активност во период од 7 (седум) месеци ќе бидат ангажирани максимум 6 (шест) тутори кои што два пати неделно по еден час (60 минути) ќе работат со овие деца, заради оспособување и стекнување на основни вештини кои се неопходни во процесот на редовното образование. Надоместокот за работно ангажирање, персоналниот данок на доход како и осигурување е во вкупен износ од 25.168 денари за периодот на ангажман (7 месеци) за кој ќе склучи договор еден туторот.
Консултант/ка
Консултантот ќе има обврска:
Надоместокот за работно ангажирање, персоналниот данок на доход како и осигурување е во вкупен износ од 61.386 денари за периодот на ангажман (7 месеци) за кој ќе склучи договор на еден Консултант/ка.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА ТУТОРИ
Право да се пријават за тутори имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните критериуми:
КАНДИТАТИТЕ ЗА ТУТОРИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ТУТОРИ:
КРИТЕРИУМИ И УСЛОВИ ЗА ИЗБОР НА КОНСУЛТАНТ/КА
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА КОНСУЛТАНТ/КА:
Заинтересираните кандидати комплетната документација можат да ја достават на три начини:
Крајниот рок за доставување на пријави за тутори и консултант/ка е десет дена од денот на објавување на огласот на веб страната на општината (17.03.2023 година), односно најдоцна до 27.03.2023 година со назнака:
„АПЛИКАЦИЈА ЗА ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 1 (еден) КОНСУЛТАНТ/КА И МАКСИМУМ 6 (шест) ТУТОРИ ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИ РОМИ ВО ОПШТИНА БЕРОВО“ – РОМАКТЕД ПРОГРАМА
Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите пријави.
Постапката за избор на кандидатите ќе ја спроведе Комисија формирана од Градоначалникот.
За сите дополнителни прашања и информации можете да не контактирате на следниот број: 033/471 057 и на е-маил: [email protected] или [email protected] секој работен ден од 09:00 до 12:00 часот. Лице за контакт Ѓорѓи Пеовски.
Пријава
Изјава за лични податоци
Општина Берово
Градоначалник
Звонко Пекевски