Драги матуранти,
Денеска Берово испраќа уште една генерација на успешни ученици, подготвени за нови предизвици во животот, за чекорење кон нови патишта и успеси и отварање на нови хоризонти.
На заокружувањето на процесот на средношколско учење, на оваа генерација, можеме да упатаме посебни пофалаби за трудот на учениците во изминатите четири години и за успешното справување со сите предизвици со кои се соочија и во текот на школувањето и во текот на нивниот младински живот.
Тука би сакал да искажам голема благодарност и до вашите професори, кои на секој начин се трудеа несебично да ви ги пренесат нивните знаењата, справувајќи се со сите предизвици на модерното време.
Во име на општина Берово и во мое лично име упатувам срдечни честитки по повод матурирањето, посакувајќи Ви многу успех и остварување на сите ваши соништа.
Драги наши матуранти,
Ви го честитам матурирањето, со желби за добро здравје,среќа и успех во натамошниот живот, Ви посакувам успешно да чекорите по вашите животни патишта и да бидете гордост на вашите родители, на вашите семејства и на сите нас.
Ви посакувам убава матурска вечер, пријатно дружење и многу забава.
БЕРОВО СЕ ГОРДЕЕ СО ВАС!
Нека ви е со среќа матуранти, посакувам уште многу успеси понатаму!
Градоначалник на општина Берово
Звонко Пекевски