Алармот за помош на семејството Мемедови од Делчево, ги активира и Беровчани кои несебично се вклучија во донирање на помош, со цел да придонесат за ублажување на состојбата на оваа фамилија.Самоиницијативно порталот Малеш Нет со неколку хумани луѓе, деновиве организираа донаторска акција на кој се јавија голем број Малешевци да помогнат за решавањето на проблемот со едномесечното бебе кое страда од заболување на бубрезите.
Мајката на детето изрази благодарност до сите хумани луѓе кои донираа, надевајќи се на скоро решавње на нивниот проблем.
Во посета на семејството денес беа и претставници на Црвениот крст од Делчево, како и невладината организација „Кхам“ кои уште еднаш покажаа интерес за ургентоста за помош и брзо решавање на тешката ситуација на ова четиричлено семејство кое е сместено во привременото прифатилиште во Делчево.
Инаку голем број на хумани луѓе и организации се вклучија во донирање помош за ова четиричлено семејство, а случајот ги размрда и институциите кои се надеваме дека ќе излезат во пресрет и ќе го решат горливиот проблем на Мемедови.