Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ БЕРОВО денес по повод христијанскиот празник Прочка, организираше хуманитарна акција, каде беа поделени триесетина пакети со прехрамбени продукти на семејства на кои им се најпотребни. Пакетите ги поделија членови на ОК Берово низ беровските села.
На сите христијани ОК на ВМРО – ДПМНЕ Берово им го честита денешниот празник, посакувајќи да го поминете во кругот на семејството и да не заборавите да побарате прошка, но и да простите.