Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, предмалку објави дека хеликоптерите тргнале кон Пехчево, за да го гаснат пожарот.
-По извршеното извидување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар, напиша Ангелов на фејсбук.
Ангелов истакна дека и тој се наоѓа во еден од хеликоптерите.
-Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух, вели Ангелов.
(Фокус)