ФОТО РЕПОРТАЖА: „ДРЖИНСКИ РИД“ НАД РУСИНОВО, СПОКОЈОТ НА ЖИВОТОТ

ФОТО РЕПОРТАЖА: „ДРЖИНСКИ РИД“ НАД РУСИНОВО, СПОКОЈОТ НА ЖИВОТОТ
август 31 00:16 2022

Југозападно од планината Петлец над селото Русиново, се наоѓа месноста „Држински рид“ прекрасен предел кој заедно со мојот другар Драган, го посетивме пред околу два месеци.Овде на овој спокој се наоѓа една прекрасна колиба која датира уште од турско време и сеуште е во функција.Тоа е спокојот на нашиот пријател и авантурист Гоце Шутевски од Русиново, кој без разлика на временските услови, доаѓа тука, се грижи и ја уредува околината и секако самата колиба.

Големиот број пријатели од Македонија и странство, низ годините заедно со Гоце било велосипедисти, хајкери или обични посетители, доаѓале и сеуште доаѓаат на ова место, кое плени со неговите прекрасни полиња насадени со житни растенија, малешевски компир, ливади и шуми.Овде природата оставила од се по нешто, па затоа е и богато со безвремени глетки кои ти ја поттикнуваат и враќаат мислата за слободата на животот.Вистинско задоволство ни беше да отидеме, да го видиме револуционерниот Петлец од западна страна, да седнеме на по едно скопско пиво, а секако низ нашата прошетката собравме и печурки “вргањ“ кои овде ги има во изобилство.

Овде човек може да остане колку сака и никогаш да не му здосади.И како што вели Гоце, треба да сакаш и да дојдеш, без оправдувања и влијание на зборовите кога имам време или треба да планирам со времето.Времето поминато овде или на било кое друго планинско место во питомата Малешевија не е залудно.За среќен живот не ти требаат пари и богатсво, доволно е само малку, а тоа малку е толку големо кога човек ја осети слободата на животот на местата како што е „Држински Рид“.

Ти благодариме Гоце за убавиот пречек во твоето спокојство.

Во продолжение погледнете фото галерија од ова прекрасно местото: