(ФОТО + ВИДЕО) БЕРОВСКИТЕ МАТУРАНТИ НА КРЕАТИВЕН НАЧИН СЕ ФОТОГРАФИРАА БЕСПЛАТНО.

(ФОТО + ВИДЕО) БЕРОВСКИТЕ МАТУРАНТИ НА КРЕАТИВЕН НАЧИН СЕ ФОТОГРАФИРАА БЕСПЛАТНО.
март 20 03:20 2021

Под слоганот ,,Не одихме на школа, а завршихме школа” деновиве матурантите од Берово, на еден интересен концепт во кафе барот ,,City Pub”, се фотографираа за овогодинешното табло кое исто така ќе биде изложено на ова место.

Станува збор за едно креативно и несекојдневно дело на продукцијата „Сигнус “ вели Стојан Рашков, кој добро и е познат на Беровската чаршија, па заедно со младите и амбициозни Тања од фото студио „Ан“ и Андреј, на еден хуманитарен и интересен гест, одлучиле да ги фотографираат матураните од ОСУ „Ацо Русковски“ од Берово без никаков надоместок.

И покрај одбиената понуда за фотографирање на матурантите од страна на комисијата во беровската гимназија, тие сепак решиле да ги фотографираат Беровските матуранти во секојдневна облека токму во кафе бар затоа што изминатиот период, учениците поголемиот дел од нивниот едукативен процес го поминале токму на овие места – вели Рашков.

Навистина интересно.

Беровските матуранти одлично ја прифатиле идејата за ваковото фотографирање и додадоа дека се прва генерација која што прави нешто такво невообичаено, со иницијатива до помладите генерации во иднина да направат нешто вакво, со што ќе бидат запаметени исто како нив.

На крајот сето ова додаде Рашков, ќе биде спакувано во една приказна која ќе остави белег на градот Берово и распространета како позитивен пример насекаде во регионот.