Предизвикот прифатен! Оваа реплика со стари фотографии деновиве масовно се споделува на социјалните мрежи. На оваа „игра“ се навлекоа и многу славни Македонци, пред сѐ естрадните ѕвезди.
За предизвикот да го направиме уште поинтересен, ние одлучивме да ѕирнеме во старите албуми на политичарите кои за разлика од пејачите и актерите, многу поретко сакаат јавноста да знае како тие изгледале во минатото.Прв на тапет ни е човекот кој во оваа вонредна состојба во која се наоѓа нашата земја стана најистурена личност кога е политиката во прашање. Помеѓу два преса на Венко Филипче, ѕирнавме во неговиот фото-албум и наидовме на една навистина интересна слика која ја објавил пред 12 години, иако делува дека оригинално е направена многу порано. Министерот за здравство е со повеќе коса и тоа виткана.
Како помлада, Радмила Шекеринска многу повеќе експериментирала со модата, а тоа се гледа и на оваа фотографија која на интернет осамна пред неколку години. Министерката за одбрана во кратко фустанче танцува со поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски.
Сите знаеме дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски и поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, се први братучеди. Веројатно имаат многу заеднички семејни фотографии, а ние налетавме на оваа црно-бела.
Во продолжение ѕирнете и како во минатото изгледале поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и вечниот политичар на власт, господинот Амди Бајрам.
Извор: glamur.mk