УТРЕ ЌЕ СЕ ГЛАСА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2022 ГОДИНА

УТРЕ ЌЕ СЕ ГЛАСА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2022 ГОДИНА
декември 23 14:42 2021

На петтата Седница на Совет на Општина Берово, која ќе се одржи во петок, на 24.12.2021 година, со почеток во 8 часот, ќе се гласа Буџетот на Општина Берово за 2022 година.

На седницата, покрај Буџетот, ќе се најдат и следниве точки на дневен ред:

  1. Предлог Р Е Ш Е Н И Е за разрешување и именување на преставници на основачот во Училишниот одбор на ОСУ „Ацо Русковски“- Берово;
  2. Предлог Програма за енергетска ефикасност на општина Берово за 2022 година;
  3. Деветмесечен финансиски извештај за работа на ЈПКР„Услуга“Берово за 2021 година;
  4. Програма за работа на ЈПКР “Услуга” Берово за 2022 година;
  5. Програма за работа на Советот на Општина Берово за 2022 година;
  6. Предлог Одлука за извршување на Буџетот на Општина Берово за 2022 година;
  7. Предлог Буџетски Календар за 2022 година;
  8. Предлог ОДЛУКА за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните службеници во Општина Берово за 2022 година;
  9. Предлог О Д Л У К А за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата од програмата Н1-Основно образование по училиштата во Општина Берово;

Ги покануваме сите граѓани и новинари, кои се заинтересирани да ја следат седницата, да присуствуваат на седницата, или пак да се вклучат, да ја проследат седницата преку you tube каналот на Општина Берово.

Воедно, ве известуваме дека на следниот линк можете да го разгледате предлог Буџетот на Општина Берово за 2022 година:

  Категории: