Општина Берово, Пивара Скопје, ПАКОМАК и МЕН ЕНД МАУНТЕН во партнерство со Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство, организираат голема акција за чистење, во Берово:
– ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, УТРЕ 12-ти мај 2023 година во Берово.
Ќе се чисти на повеќе локации во градот.
Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и допринеси за поздрава и позелена иднина за сите!
Целта е да собереме што е можно повеќе отпад, кој потоа ќе се носи до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад.
Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023, е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.
За сите заинтересирани, за учество во акцијата, збирно место е општинската зграда, во 08:00 часот.
После работниот дел – акцијата, продолжуваме со Забавно едукативниот настан, кој под мотото ,,СОНЧЕВА ТЕПСИЈА”, кој ќе се одржи на градскиот плоштад ,,Димитар Беровски”, со почеток во 12:00 часот.
Своите еколошки пораки низ забава, ревија и рецитал ќе ни ги пренесат, децата од детската градинка ,,23 Август” од Берово, учениците од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” , ООУ ,,Никола Петров Русински” и ОСУ ,,Ацо Русковски” и КУД ,,Димитар Беровски” .
Бидете дел од ова еколошко случување во Берово и дајте свој придонес кон поздрава животна средина!