Утре започнува светиот месец за муслиманите ширум светот, месецот Рамазан. Рамазан е деветти месец во исламскиот календар и тој е свет месец за муслиманите затоа што во него започна откривањето на Куранот, светата книга на муслиманите. За време на Рамазан, муслиманите ширум светот постат од сабах (зора) до акшам (почеток на вечерта).
Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.
Свое обрќање поповод започнувањето на светиот месец Рамазан упати и имамот во беровската џамаија Махмед Бег, Тахир Еф.Дестанов во кое се вели:
“ О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи” (Ел: Бекарету: 183)
Почитувани верници!
Браќа и сестри! Со најголема радост влегуваме во светиот месец Рамазан, овој месец е најголемиот и најистакнат од останатите месеци во годината. Во овој месец обавуваме еден од столбовите на Исламот – постење на неговите денови, што е задолжителна обврска, каде што се воздржуваме од јадење и пиење и правење лоши дела заради Возвишениот Алах. Преку постот ја докажуваме нашата посветеност на Создателот, формираме висока свест за нашата позиција на Земјата да бидеме во служба на доброто и да го избегнуваме злото од себе и од луѓето воопшто. Овој месец е месец на знаењето, бидејќи во него е објавен императивот да се чита, да се учи, да се истражува, за да се знае креативноста на Семоќниот Алах.
Преку постот и знаењето ја разбираме главната цел на животот, а тоа е грижата за човекот, која се изразува преку мир, толеранција, хуманост и солидарност. Во оваа средина на нашата поврзаност со Создателот, ние се обраќаме кон Неговото Величество со нашите молитви да прости пропусти, грешки и гревови. По повод доаѓањето на овој голем месец, се обраќаме со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат психологија на насилство, омраза, убивање и истребување на човечкото суштество.
Почитувани верници, Месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг. Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и немоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на Семоќниот Алах.
Дозволете ми во име на ИВЗ на РСМ и во мое име да ги изразам моите срдечни честитки во оваа прилика, со молитва до Семоќниот Алах да ни даде сила на верата, висока свест, непоколеблива волја, дека со најголема посветеност да го извршуваме постот . Нашите искрени Ибадети и молитви – особено нашите молитви за мир и толеранција се во согласност со зборовите на Мухамед (а.с.): „Кој го пости месецот Рамазан со вера (искрено и надевајќи се дека ќе биде награден од Алах за тоа), сите претходни гревови ќе му бидат простени“. Ви посакуваме убав почеток, пријатна атмосфера на месецот Рамазан и нека е благословен овој голем и свет месец. Алах да ве благослови. Рамазани Шериф Мубарек Олсун.
Во продолжение распоред или Имсак за 2022 година.