Над 1.000 верници со католичка вероисповест во регионот, утре го слават Христовото воскресение, еден од најголемите христијански празници : Велигден е победа над смртта и дарување живот. Тоа е ден кога љубовта ја покажува својата триумфална победа над злото и повеќе нема простор за мракот, кажа отец Тони Ангелов, Католичка црква „Благовестие“ – Штип. За сите верници од католичката вероисповест, понеделник е неработен ден.