Улица ,,Борис Кидрич” во Берово, доби нови тротоари

Улица ,,Борис Кидрич” во Берово, доби нови тротоари
декември 30 10:04 2022

Привршуваат градежните активности за реконструкција на тротоарите на ул.,,Борис Кидрич” во Берово, од крстосница со улици ,,Вељко Влахович” и ,,Јуриј Гагарин’, до крстосница со улица ,,Гоце Делчев”, во должина од 420 метри.

Поплочен е тротоарот со бехатон плочки, со дебелина од 6 cm, на претходна подлога, со ширина од 2 метри.

Улицата ,,Борис Кидрич” во Берово, е влезна улица, од патниот правец Стумица-Берово и го поврзува градот со четирите населени места, на територијата на Општина Берово, Двориште, Ратево, Русиново и Владимирово.

Улицата е влезна артерија на градот и е една од најпрометните улици во градот, па така подобрувањето на инфраструктурата, значително ќе влијае на подобрувањето на безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот, а сособено на пешаците, кои често пешачат во овој дел од градот.

Средствата, во износ од 2.421.586, 00 денари, за реконструкција на тротоари на улица ,,Борис Кидрич”, од раскрсница со ул.,,Вељко Влаховиќ”- ,,Јуриј Гагарин”, до раскрсница со ул.,,Гоце Делчев” се обезбедени преку Бирото за регионален развој и Владата на РСМ, со кофинансирање од општина Берово,во износ од 181.512, 00 денари.

Паралелно со изградбата на тротоарите, се поставуваат и канделабри за осветлување, на раскрсницата на регионалниот пат, при што во значителна мера се зголемува безбесноста во сообраќајот, во овој дел од градот.

  Категории: