Општина Берово во согласност со своите надлежности и позитивните законски одредби, превзеде мерки за ублажување на состојбите во угостителскиот сектор. За таа цел Општина Берово изврши корекција и целосно ослободување од комуналната такса на угостителските објекти кои имаат Договор за закуп на јавни површини пред деловни субјектиод денот на важење на мерката (15.03.2020) и ќе трае се до нејзиното укинување и нормализирање на состојбата. Сите угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да работат, без посета на потрошувачи (гости) и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл.) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд, пулт и сл.).Како што велат од Општината, иницијативата е со цел да се помогне, да се надмине оваа непредвидена ситуација со КОВИД 19 вирусот,која жестоко удира врз економските субјекти каде здравјето на граѓаните е најважно, но и нивниот понатамошен ангажман и опстанок. Инаку претходно по препораките и заклучоците од 19-та Седница на Владата, се забрани целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници.