Во тек се активности за поставување на столбови со енергетски ефикасни лед светилки, каде што денеска извршив увид, на активностите на терен, при што Туристичката населба Беровско Езеро, конечно ќе добие улично осветлување.
Целта од проектот е да се создадат услови за динамичен и одржлив развој и подобрување на туристичката понуда во регионот, за привлекување на поголем број туристи и инвеститори, намалување на невработеноста и зголемување на економската активност на локалното население.
Проектот се реализира преку Министерството за локална самоуправа, во областа за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и згоелмување на регионалата компонента.
-Со реализацијата на овој проект, продолжуваме посветено да работиме за развој на туризмот, како стратешка определба на општина Берово, обезбедуваме пристап и нови содржини за рекреативни активности и отвараме нови перспективи за развој на туризмот, овозможувајќи дополнителни рекреативни активности и во вечерните часови – рече градоначалникот Звонко Пекевски.
За реализацијата на овој проект, преку Биро за регионален развој, обезбедени се средства во износ од 2.905.357,00 денари.